Свет

Бугарите повторно ќе излезат на гласање: Радев најави вонредни избори, седми во последните три години

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години, а потпиша и указ за именување на нова преодна влада предложена од предложениот за привремен премиер Димитар Главчев.

Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание, јавува Радио Бугарија.

Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петков.

Разликата меѓу новата и старата привремена влада на Димитар Главчев е разрешувањето на министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, чие место ќе го заземе актуелниот шеф на Националната полиција Атанас Илков, јавува Радио Бугарија.

Исто така, освен премиерската функција, Главчев повеќе нема да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, туку шеф на дипломатијата на Бугаија ќе биде поранешниот заменик министер за надворешни работи Иван Кондов.

На почеток