Трамп и Харис се договориле да им бидат исклучени микрофоните за време на дебатата додека не говорат


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека постигнал договор со демократската ривалка Камала Харис дека за време на нивната дебата на телевизијата ABC на 10 септември, микрофоните ќе бидат исклучени додека не говорат.
Во објава на социјалните мрежи, Трамп во вторникот рече дека правилата за дебатата следниот месец ќе бидат исти како и за дебатата на CNN што ја имаше со американскиот претседател Џозеф Бајден во јуни.
„Еј-Би-Си, исто така, добивме уверување дека тоа ќе биде фер и правична дебата и дека нема да и бидат доставени прашања на ниту една страна однапред“, напиша Трамп.
Кампањата на Харис во понеделникот повика микрофоните да бидат вклучени во текот на дебатата на 10 септември, додека Трамп се закани дека целосно ќе се повлече откако сугерираше дека ABC е пристрасен, објави Ројтерс.
Изборниот штаб на Трамп предложи дополнителна дебата на 4 септември на мрежата Фокс њуз, но тимот на Харис ја одби.
