Свет

Семејство донело мртво бебе во болница во Косово: Тврдат дека паднала и се тркалала од лулката, полицијата започнала итна истрага

Косовската полиција покрена истрага за смртта на двегодишното бебе во Подуево. Според полицијата, нејзиното семејство без знаци на живот ја однело во Ургентниот центар.

„Со одлука на обвинителството телото е испратено на обдукција. Случајот е под истрага“, се вели во соопштението.

Трагедијата се случила во селото Пенух. Според семејството, таа се тркалала од лулката додека спиела, пренесува Телеграф.

На почеток