Македонија

Бисера Антоанета купила билети за Дубаи во износ од 3 000 евра кои не ги искористила, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со серијата обвинувања

Продолжи серијалот обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ на смерка на екс министерката за култура.

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков обвини дека Бисера Костадиновска Стојчевска во 2022 купила три авионски карти за Дубаи и кога требало да замине на пат, не отишла.

,,Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не. Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала. На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци. Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари“, изјави Лефков од партискиот штаб.

На почеток