Свет

Тинејџерка скокнала од трговски центар, паднала на пешак и го убила: Трагедија во Јапонија пред почетокот на учебната година

Две лица загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка скокнала до смрт од трговски центар, паднала на пешак и го убила.

Тинејџерка (17) скокнала од зграда во преполн шопинг кварт, удирајќи во 32-годишна жена која била излезена со пријателите во саботата вечерта.

Двете веднаш биле пренесени во болница, кај тинејџерката е констатирана смрт еден час подоцна. Набргу потоа починала и жената (32).

Повеќе луѓе помлади од 18 години во Јапонија се убиени на 1 септември – непосредно пред новата учебна година – отколку во кој било друг ден, според официјалната статистика.

Минатата година, 513 деца си го одзедоа животот во Јапонија, а како најчест фактор беа наведени „училишните проблеми“.

Учениците кои не сакаат да се вратат на училиште се познати како футоко, или „луѓе кои не одат на училиште“, пренесува Би-Би-Си.

Главните причини зошто овие футоки го избегнуваат училиштето се семејните околности, личните проблеми со пријателите и малтретирањето, покажуваат претходните истражувања на Министерството за образование.

Во последниве години, властите и медиумските организации се обидуваат да ја подигнат јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат студентите во овој период од годината.

Последниот инцидент во Јокохама отсликува слична епизода во 2020 година, кога 17-годишно момче скокна од покривот на трговски центар, убивајќи 19-годишна студентка во прометна област Осака.

На почеток