Македонија

Славески подготвува изборна програма за ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори. Уставните измени се апсолвирани и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат. Ова вечерва го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии Трајко Славески.

Пред седницата на ИК на партијата, Славески рече дека ќе разговараат за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет.

„Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е подготовка на иновативната програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на вонредните парламентарни избори, макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент. Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, приоритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, изјави Славески.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток