Свет

Зеленски пристигна во воздухопловната база во Германија на важна средба: Ќе се сретне и со американскиот министер за одбрана

Зеленски за авионите Ф-16: Дефинитивно ќе ги видиме на украинското небо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во воздухопловната база Рамштајн во Германија, каде ќе учествува на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина.

Тој ќе оствари одвоени средби со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Џорџо Мелони, како и со италијански претприемачи.

Зеленски ќе се сретне и со министрите за одбрана на САД и Германија, Лојд Остин и Борис Писториус, пренесува Укринформ.

„Ги координираме позициите со сите сојузници на Г7“, рече тој.

Според заменик-портпаролот на американското Министерство за одбрана Сабрина Синг, учесниците на состанокот на коалицијата во формат Рамштајн денеска особено ќе се фокусираат на зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана на Украина и активирање на одбранбените индустрии на земјите учеснички.

Ова е првпат Зеленски да се приклучи на состанок во формат на Рамштајн – група од околу 50 нации кои ја снабдуваат Украина со оружје.

На почеток