Венко Филипче да каже како 5 стана кои ги пријавил сега, а ги имал пред да биде министер не ги пријавил првпат кога станал функционер?, бара ВМРО-ДПМНЕ
Од
Објавено на
“Венко Филипче да каже како 5 стана кои ги пријавил сега, а ги имал пред да биде министер не ги пријавил првпат кога станал функционер?”, бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Што крие Венко Филипче? Анкетните листови на министерот Филипче и пратеникот Филипче се дијаметрално спротивни.
Во анкетниот лист на Филипче како пратеник има 5 стана, кои тој како што навел самиот ги поседувал пред да стане министер, но проблемот е во тоа што тој тогаш не ги пријавил.
Зошто Филипче не ги пријавил становите во Скопје во 2018 година?
Зошто криел имот Филипче, се работи ли за законски стекнат имот или не?
ДКСК да отвори случај. ЈО да се заинтересира за Филипче.