(Видео) Лидија Димова се појави на судење по две одлагања, не кажа дали е спремна: процесот почнува одново, оти поминале три месеци
По две одложени рочишта, продолжуваат судењата за разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Таа одлагањата ќе правдаше со медицински белешки, а поради изминување на три месеци од последното одржано рочиште, судењето започна од почеток.
Бидејќи причината за претходните одлагања беше отсуството на Димова, ја прашавме, дали се подготвила за денешното рочиште. Таа не даде одговор туку имаше контра прашање.
Ова значи дека наместо искази на обвинетите, сега треба да се започне со кажување генералии, произнесување на вина, воведни зборови.
Димова бегаше и кога последен пат се појави на судење. Куп обвинувања дојдоа на нејзина сметка од сведокот Алекдандар Гочев, кој претходно призна вина во процесот “ЕУ фондови”.
Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата. Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластување па постапила спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата без да објави оглас, а меѓу нив е и ангажирањето на Зоран Златковски. Истовремено, Димова се гони и за исплаќањето на издатоци за службени патувања. Обвинителката бара одговорност од Димова и за склучени договори без јавни набавки.
(Видео) Лидија Димова молчи и бега: како го присилувала сведокот да потпише изјава?