Македонија

(Видео) Лидија Димова молчи и бега: како го присилувала сведокот да потпише изјава?

Обвинетата Лидија Димова која е разрешена директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, без одговор како се местат тендери, а откако вакво обвинение против неа покрена обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска. Во судница имаше тивки коментари за сведочењето на Александар Гочев кој тврди дека го присилила да потпише изјава дека таа не знаела оти тој незаконски подигнал средства од благајна, а надвор, бегаше од екипата на „Скопје1“.

Надвор пак, ниту потврди, ниту негираше дека го направила тоа, а на прашањето како го присилила Гочев, имаше молк.

Во судница, бранител и е и адвокатка, која доаѓа од адвокатска канцеларија што претходно ја застапување Агенцијата со која Димова раководеше. Но немаше одговор како се случила оваа „коинциденција“.

Нејзината адвокатка, потоа кажа: „немаме одговор на поставените прашања“, а адвокатот додаде: „бевте во судница, видовте и слушнавте.. нема што да дополниме“.

Иако има низа неодговорени прашања од Димова, особено за злоупотреби, таа одби да гостува во подкастот „Претрес со Ландов“, каде беше поканета да си ја каже својата страна од приказната. Прво побара во студиото да биде повикан Александар Гочев кој денеска сведочеше против неа, а откако кажавме дека ќе го сториле тоа, спушти слушалка.

Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата. Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластување па постапила спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата без да објави оглас, а меѓу нив е и ангажирањето на Зоран Златковски. Истовремено, Димова се гони и за исплаќањето на издатоци за службени патувања. Обвинителката бара одговорност од Димова и за склучени договори без јавни набавки.

На почеток