Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Пакистан
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Пакистан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри и на 38 километри западно-северозападно од градот Леј, или 77 километри јужно од градот Дера Исмаил Кан.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.