Свет

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети кон Јапонското море

Северна Кореја денеска истрела неколку „балистички ракети со краток дострел“ кон морето, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите биле истрелани кон Јапонското Море околу 7:10 часот по локално време.

Јужнокорејската војска го анализира инцидентот и „споделува информации“ со американските и јапонските власти.

Јапонското Министерство за одбрана го потврди лансирањето на најмалку една севернокорејска балистичка ракета.

Во минатото, Пјонгјанг изврши ракетни тестови околу 9 септември, годишнината од основањето на Демократска Народна Република Кореја во 1948 година.

На почеток