Македонија

Полиција упадна во струмичка „Вила Парк“: Инспектори прават претреси

Инспектори влегле во „Вила Парк“, која се поврзуваше со Заеви, но е сопственост на Ристо Карамазов, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации. Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.

„Скопје1“ го контактираше експремиерот Зоран Заев, за тоа дали тој се поврзува со фирмата, но тој не одговори на телефонските повици. Неофицијално, неговото семејство нема поврзаност со оваа фирма. Одговори очекуваме и од Министерството за внатрешни работи, чии инспектори ја испитуваат работата на фирмата, но и детали дали истрагата стигнува и до Заеви.

Повеќе детали најавуваме за подоцна.

Премиерот Христијан Мицкоски, во вчерашниот поткаст „Претрес со Ландов“ откри дека се водат предистражни постапки за десетици случаи. Детали:

На почеток