Фондацијата на Заев го поддржувала издавањето на македонскиот весник на Македонците во Албанија

Од
Објавено на

Чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик. Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија, напиша Зоран Заев.
„Го помагаме информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик. Го афирмираме македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и придонесуваме кон унапредување на правата на македонската дијаспора“, додава тој.
