Aко не го промениме Уставот, во сила стапува само блокада, вели Пендаровски
Крајниот рок за гласање за уставните измени е 30 ноември, кога завршува скринингот, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Пендаровски е на ставот дека гласање ќе има оној момент кога ќе бидат обезбедени 80 пратеници.
„Не верувам дека гласањето за уставните измени ќе биде на 17 август, не затоа што се колективните одмори во прашање, туку затоа што нема да биде завршена дебатата. И да почне дебатата, не може да заврши толку брзо за да имате гласање на 17 август. Мојата проценка е дека или ќе се направи сериозен обид да се обезбеди двотретинско мнозинство или нема зошто да се форсира брзо гласање, кога во овој момент е јасно дека нема двотретинско мнозинство во Собранието“, изјави Пендаровски.
Тој во гостувањето на Канал 5 телевизија посочи дека крајниот рок за гласање е 30 ноември, кога завршува скринингот. Подоцна од 30 ноември, ако до тој момент не го промениме Уставот, рече Пендаровски, во сила стапува само блокада.
Пендаровски вечерва истакна дека во наредниот период се очекува уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД