Македонија

Се јави Заев од Америка, раскажуваше како соборил режим

„Како политичар, затоа што бев градоначалник и еден од водечките луѓе во најголемата опозициска партија СДСМ се здруживме со граѓански активисти, со обични луѓе, со академска заедница, со неколку независни новинари, затоа што довербата кон политичарите беше многу ниска. Дефиниравме неколку критериуми како ќе постапиме заедно. Договоривме основни критериуми и тоа беше пресудно да се обезбеди основата за издигнување. Прво дека „Шарената револуција“ не е насилно движење, второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.

Тој рече дека „Шарената револуција“ била партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето.

„И се трудевме да се разбереме и се трудевме да се цениме затоа што имаше голем ризик. Јас лично бев уапсен, многу новинари беа апсени сите овие години и режимот растеше низ годините, а ние го започнавме најголемиот митинг што го гледате овде, најголемиот беше на 17 мај 2015 година, повеќе од 100 илјади луѓе“, истакна Заев.

Тој кажа дека 2008 се инсталираше режим партијата предводена од Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и појасни дека станува збор за најголемата десно ориентирана партија во Северна Македонија.

„И тој момент беше причина за подготовка на „Шарената револуција“ и дриугите големи граѓанските движења низ целата земја. Тоа беше време кога многу луѓе беа под опасност, новинар беше во затвор, бизнисмен изгуби сопствена компанија, активисти и универзитетски професори беа казнети и ставени во затвор, имаше целосна контрола врз медиумите. Имаше целосна контрола на јавната администрација која патем беше целосно партизирана, имаше целосна контрола на нашата економија“, потенцираше Заев па додаде:

„Главни говорници на Шарената револуција беа активисти, граѓански организации и различни луѓе важни од нашето општество. За сето ова време не беше лесно затоа што режимот ја користеше режимската полиција, тие уапсија многу луѓе, затворија, им се закануваат на децата на семејствата и беше навистина страшно, но имајќи ги предвид сите дискусии овде имаме една многу голема среќата ја најдовме пукнатината на режимот и ја искористивме за борба против режимот, продолжувајќи со алатки за ненасилство, со многу трпение, со блокади на сите улици на главниот град на Северна Македонија, Скопје, но и низ целата земја, а пукнатината беше ние заедно со неколку многу храбри луѓе најдовме нелегални материјали за снимање околу 20 илјади луѓе во државата“.

Тој додаде дека тогаш немаше слобода, сите се плашеа, и секако сето тоа беше причина да се кренат луѓе и да го за почнат протестот кој со ненасилни средства сруши режим.

На почеток