Свет

Два руски авиони кружат над Јапонија

Два руски воени авиони прелетаа над Јапонија и влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја, што ги натера американските сојузници да пресретнат и да подигнат борбени авиони.

Канцеларијата на здружениот штаб на јапонското Министерство за одбрана извести за движење на два поморски извидувачки и противподморнички воени авиони Ту-142, исто така познати како Bear F, во јапонската воздушна одбранбена зона или АДИЗ.

Руски „туполев“ влегол во туѓ воздушен простор и во лет ја „заокружил“ Јапонија, ја пренесуваат локалните медиуми изјавата на армијата на таа земја. Како одговор, беа распоредени јапонски и јужнокорејски борбени авиони.

Овој руски упад доаѓа во време кога Русија спроведува две воздушни и поморски вежби во нејзиниот регион на Далечниот Исток со Кина. Една од вежбите „Северна интеракција 2024“, која ја води Кина, се изведува во Јапонското Море, кое се наоѓа западно од Јапонија.

На почеток