Свет

Голема акција на полицијата во Белград, запленети над 13 килограми дрога: Уапсени три лица, одземени и пари

Претрес во скопски Чаир, пронајдена дрога, приведени две лица

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград, Полициската станица Нов Белград, во соработка со Единицата за интервенции 92, заплениле повеќе од 12 килограми марихуана и повеќе од еден килограм наркотична дрога за која постои сомневање дека е амфетамин и го уапсиле М.Ќ. (21), Г.Ѓ. (35) и Н.Ч. (23), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата во Чукарица извршила увид во станот, просториите и автомобилот „цитроен“ што го користел Г.Ѓ. пронајдени се околу 12 килограми марихуана спакувана во вреќи, килограм бела прашкаста материја за која постои сомневање дека е амфетамин спакувана во четири вреќи, вага за прецизно мерење и 23.000 динари.

Исто така, со претрес на автомобил „опел астра“ во станот и просториите на осомничениот М.Ќ. на територијата на Чукарица пронајдени се вкупно 200 грама марихуана спакувана во тегла и 15 кесички, околу 30 грама бела прашкаста материја за која постои сомневање дека е амфетамин, како и 430.000 динари и 50 евра.

Претресот на станот на осомничениот Н.Ч. во Чукарица полицијата пронашла околу 30 грама бела прашкаста материја слична на амфетамин спакувана во пет кесички.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени до Вишото јавно обвинителство во Белград.

На почеток