Македонија

Автомобил на инспектор за дрога во МВР запален во Ѓорче Петров: возилото било паркирано пред неговиот дом, палењето било среде ноќ

Автомобил сопственост на инспектор за наркотици бил запален во Ѓорче Петров, пред неговиот дом. Ова се случило ноќта 13-ти спрема 14-ти септември. Возилото, според информации на „Скопје1“ било паркирано пред домот на инспекторот, кој пак, учествувал во низа претреси на нарко-дилери низ Скопје.

„На 14.09.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 03.30 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д. од Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.

Според првичните информации од истрагата, автомобилот бил таргетиран, а во околината има и камери како од системот „Безбеден град“ така и од приватни објекти. Ќе се проверува кој го нарачал, но и кој го извршил палењето на автомобилот. Дополнително, се утврдува и кој бил главниот мотив за ваквото кривично дело.

Извршен е увид од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток