Македонија

Две тешки сообраќајки: Пет повредени, дел со тешки последици, меѓу кои малолетник

На 14.09.2024 околу 13 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за с. Добрушево и с. Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од с. Канатларци,прилепско. Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.

Денеска (15.09.2024) во 00.45 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул. „Индустриска“ и локалниот пат за с. Курија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34) од село Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

На почеток