Вечна слава на Бобан Трпков: припадник на „Лавови“ кој загина во заседа во 2001 година и зад себе остави жена и деца
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, му оддадоа почит на Бобан Трпков во Драчево, кој животот го загуби во 2001 година.
„Нека му е вечна слава на нашиот брат Бобан Трпков – херојот што никогаш не се предаде! Денес, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оддаваме почит со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Бобан Трпков во Драчево, кој животот го положи во 2001 година. Бобан Трпков, наш сограѓанин, е македонски херој, припадник на единицата ,,Лавови” и учесник во воениот конфликт во 2001 година. Загинува во кукавичка заседа од страна на терористите во тетовското село Требош. Бобан е татко на две прекрасни деца, а одликуван е и со медал за храброст. Животот го положува пред олтарот на Македонија на 33 годишна возраст. Неговото дело вечно ќе остане запаметено, а ние, генерациите после него ќе го пренесуваме и на другите за да сите знаат, каков јунак дала Македонија“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој додава: „Во Драчево, традиционално и во негова чест се одржува меморијален турнир, кој веднаш после положувањето на цвеќе беше отворен. Нека му е вечна слава на Бобан, нека е вечна слава на сите македонски синови кои животот го дадоа за Македонија. Хероите живеат вечно. Да живее Македонија!“.