Македонија

Пред изгрејсонце гореа три возила во Кисела Вода: две се во сопственост на скопјани, едно на кумановец

Денеска (15.09.2024) во 04.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила.

Гореле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од с.Биљановце, кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје.

Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток