Ова е човекот кој се обиде да го убие Трамп: Имал врски со Украина, му пришол на поранешниот претседател на 400 метри, па пукал со калашников
Уапсен е Рајан Весли Раут (58), осомничен за обид за убиство и планирање атентат врз поранешниот претседател и актуелен републикански кандидат на американските избори. Во моментот на апсењето, тој беше целосно мирен и не покажуваше никакви емоции, изјави Вилијам Д. Снајдер, шериф на округот Марин, Флорида, каде што беше уапсен Раут.
„Беше релативно мирен и во ниту еден момент не ги праша полицајците зошто е уапсен“, рече Снајдер.
Според информациите, осомничениот успеал да му се приближи на Трамп на 400-500 метри. Сепак, тимот на Тајната служба на Доналд Трамп го забележал меѓу дрвјата.
Два часа по инцидентот, ФБИ објави соопштение во кое тврди дека инцидентот се третира како „обид за атентат на поранешниот претседател Трамп“.
Главниот разузнавачки аналитичар на Си-Ен-Ен, Џон Милер, рече дека сметките на Раут на социјалните мрежи се фокусирани на неговата „самопрогласена вмешаност“ во војната во Украина, вклучувајќи го и неговиот наводен обид да регрутира војници да се борат на украинската страна.
Милер рече дека Раут живее на Хаваи, а претходно бил градежен работник во Северна Каролина, каде што има „дебело“ досие. Наводно, тој претходно бил апсен дури осум пати, најмногу за полесни прекршоци.
Во март 2023 година, Раут зборуваше за Њујорк Тајмс за неговите напори да регрутира американски војници.
„Њујорк тајмс“ тогаш утврди дека Раут „минал неколку месеци во Украина минатата година и дека планира да пресели американски доброволци во Украина преку Пакистан и Иран“. Тој, исто така, тогаш рече дека интерес покажале десетици Американци.
„Најверојатно можеме да купиме некои пасоши преку Пакистан, бидејќи тоа е многу корумпирана земја“, тврди Раут во интервју објавено на веб-страницата на Њујорк Тајмс на 25 март 2023 година.
Во јуни 2022 година, според американскиот Њусвик, Рут разговарал и со романскиот огранок на Њусвик, исто така за напорите да се регрутираат доброволци во Меѓународната одбранбена легија на Украина, единица на украинските копнени сили.
„За мене многу светски конфликти се сиви, но овој е дефинитивно црно-бел“, изјави тогаш Раут. „Ова е приказна за доброто наспроти злото.
Според Њујорк пост, Раут често објавувал објави за политика на социјалните мрежи и ексклузивно донирал на демократските кандидати од 2019 година.
Според гореспоменатите медиуми, во објава на 22 април на социјалната мрежа Х, Рут напишал: „Демократијата е во прашање. Не можеме да загубиме“, пренесува Јутарњи лист