Магазин

Сергеј Трифуновиќ осуден на два месеци затвор

Актерот Сергеј Трифуновиќ е осуден на шеесет дена затвор, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото дело, јавуваат хрватските медиуми.

Во спротивно, Сергеј Трифуновиќ е должен да плати судски трошоци од 150 евра. Пресудата е правосилна, а актерот се откажа од правото на жалба.

На актерот му е вратен пасошот, а тој за локалните медиуми изјави дека сепак ќе стане државјанин на Република Хрватска бидејќи неговата сопруга е Исидора Ријечанка.

Инаку, со актерот цело време била неговата сопруга Исидора Трифуновиќ.

На почеток