Македонија

Трипуновски: МЗШВ и ФАО проблемот на над 2.000 земјоделци во Пелагонија го надминуваат со отпочнување на активности за реализација на проектот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО.

Министерот се заблагодари на сите присутни што се дел од овој настан кој го означува почетокот на иницијатива што е од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, кој е еден од најважните земјоделски региони во Македонија.

„Денеска заедно со претставниците од ФАО сме во општина Битола, на расправа каде што се поканети и земјоделците, настанот означува отпочнување на проектот за решавање на децениски проблем кој што го имаат преку 2.000 земјоделци од овој регион“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека досега земјоделците не беа во можност да го користат земјиштето за земјоделско производство заради сосопственост со државата. Но, со овој проект би се овозможило негово максимално користење.

„Министерството и ФАО ќе ги спроведат потребните активности за забрзано решавање на овој проблем кој што за жал долги години стоел како отворена ситуација“, појасни министерот Трипуновски.

На почеток