Започнува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче. Жежовски.
Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите.
Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.
На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на Ѓорчевска во Скопје.
На 27 и 24 ноемви Вања и Панче беа пријавени за исчезнати, а на 3 декември беа пронајдени мртви во близина на Скопје.
Во овој случај осомничено е и уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.