(Видео) Масовно пукање во Америка, четири лица загинаа, десетици повредени: „Некој отвори оган врз група луѓе“
Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во масовно пукање на една од најпопуларните места за забава во Бирмингем, Алабама. Пукањето се случило синоќа нешто по 23 часот во областа Фајв Поинт Југ, пишува Си-Ен-Ен. Последните информации велат дека биле застрелани дури 25 лица.
Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле двајца мажи и една жена кои страдале од прострелни рани, а сите тројца подоцна починале на местото на настанот, изјави полицаецот Труман Фицџералд. Четвртата жртва починала во болница.
🇺🇸 🚨 #BREAKING . Mass shooting in Alabama.
Authorities are currently in the Five Points South area of Birmingham. Unofficially, there are reports of 4 dead and 17 seriously injured so far. pic.twitter.com/U8bai8gNdZ
— Breaking News Alert (@breakingnewsert) September 22, 2024
Полицијата смета дека неколку лица испукале неколку куршуми кон група луѓе. Ниту еден осомничен се уште не е приведен.
Сите жртви биле на отворено, на тротоар или улица. Полицијата истражува дали напаѓачите пеш им пришле на жртвите или пукале од возило.
#JUSTIN : 4 dead, dozens injured following mass shooting near downtown Birmingham, Alabama#Birmingham #Birmingham #UK #Shooting #UnitedKingdom #Alabama pic.twitter.com/vYYUn4Je4n
— upuknews (@upuknews1) September 22, 2024
– Имаме десетици повредени од огнено оружје. Најмалку четири лица се во опасност, изјави полицаецот Фицџералд.
Полицијата побарала снимки од камерите за надзор од околните бизниси, а исто така побарала од јавноста да ги контактира за какви било информации што ги има.
🚨🇺🇸 BREAKING: MULTIPLE PEOPLE SHOT IN ALABAMA, POSSIBLE CASUALTIES
Birmingham Police have confirmed multiple victims in a shooting at Five Points South late Saturday night.
The incident, reported at 11:29 p.m., may involve several casualties.
Officers are on the scene, and… pic.twitter.com/eYjB7YTlyT
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 22, 2024