Свет

(Видео) Запленети два тони кокаин на балкански картел: Се обиделе да ја сокријат дрогата меѓу парафински восок

Над 2,3 тони кокаин подготвен за европскиот пазар се запленети во пристаништето Картагена, во акција на Националната полиција на Колумбија. Контејнерот во кој се пронајдени 2.386 килограми кокаин бил на брод кој доаѓал од градот Паита во Перу, а неговата крајна дестинација е Шпанија, односно тамошното пристаниште во Барселона.

Дрогата била скриена во контејнер за кафе, а картелот за кокаин пакувал и парафински восок за да ги спречи кучињата трагачи да ја откријат пратката.

Според информациите на „Вијести“, кокаинот бил спакуван во 63 црни церади со црвени ленти, во кои биле скриени 2.390 „коцки“ кокаин. Во четири од тие „коцки“ е пронајден парафински восок.

Со што се обиделе да избегнат кучињата трагачи да го намирисаат кокаинот, но безуспешно“, пренедува „Вијести“.

Објаснуваат дека вреќите за кафе и поради силниот мирис, заедно со парафинот, им отежнувале на кучињата да им трагаат.

На почеток