Македонија

По вторпат одложено повтореното судење за модуларната болница во Тетово

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово повторно одложено.

Судењето било одложено бидејќи отсуствувал адвоткатот на Артан Етеми, еден од двајцата обвинети директори на Клиничката болница во Тетово.

Ова е втор пат да биде одложено судењето, откако Апелацискиот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот во април 2024 година, после првичната пресуда на 5. јуни 2023 година. Првото судење беше закажно на 26 јуни, но тогаш беше одложено поради отсуство на претставници на Клиничка болница Тетово.

Новото рочиште е закажано за 5 ноември.

На почеток