(Видео) Масакр во Италија: Маж ја убил неговата сопруга и нивнит две деца, полицијата на нозе
Маж изврши семеен масакр, во две различни куќи, утрово во Нуоро, Италија, а потоа си го одзеде животот.
Жртвите се неговата сопруга и нивните две деца.
Повредени се уште едно дете, мајката на сторителот и соседот.
Според првите достапни информации, 45-годишен маж отворил оган кон сопругата (43), домаќинка и неговата 25-годишна ќерка, која ја убил. Според некои извори, мажот и неговата сопруга биле во процес на развод.
Потоа го насочил пиштолот кон другите две деца, кои наводно имале 9 и 14 години. Според бројни извори, најмладиот доцна утрово починал во болница. Сепак, здравствените работници се уште не ја потврдиле веста.
На крајот, насилникот си го одзел животот.
Напаѓачот бил 45-годишен вработен во шумско претпријатие во Сардинија.
Командантите на провинциските карабинери во полициската станица во Нуоро моментално го истражуваат масакрот, работат на детална реконструкција на динамиката на настанот и можниот мотив зад убиствата.
Улиците каде се случи масакрот беа затворени од полицијата, а на местото на настанот беа и дежурниот обвинител и патологот.
#Strage familiare a #Nuoro. Dichiarata la morte cerebrale del più piccolo dei 2 figli feriti a colpi di pistola dall'operaio forestale che ha ucciso la moglie, la figlia maggiore e poi si è tolto la vita. Eleonora Fioretti #GR1 pic.twitter.com/N4vafwkkLZ
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 25, 2024