Македонија

Родилка почина во кумановската болница, новороденчето пренесено на скопска Гинекологија

Родилка на возраст од 31-година почина во кумановската болница, а новороденчето е итно префрлено во Клиниката за гинекологија во Скопје. Од здравствените институции нема официјални информации за текот на бременоста, како и состојбата на новороденчето.

Причините пак, за смртта, ќе ја испитува судска медицина.

„На 27.09.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР за Скопје1“

На почеток