(Видео) Сириец удрил со комбе во продавници во Германија и предизвикал пожари, 30 повредени: „Имаше мачета!“
Околу 30 лица се повредени во два одвоени пожари во западниот германски град Есен, меѓу кои и две мали деца во критична состојба поради вдишување чад, соопштија локалните власти.
Полицијата соопшти дека е уапсен 41-годишен Сириец од Есен, кој е поврзан со пожарите.
Човекот е поврзан и со инцидент со комбе кое удрило во две продавници, изјави портпаролот на полицијата. Во инцидентот нема повредени, додаде тој.
BREAKING NIUS: Der Terror geht weiter! Ein Syrer in islamistischer Kampfkleidung hat am Samstag Abend mehrere Anschläge in Essen verübt! Er legte mehrere Brände in Wohnhäusern, mehrere Kinder schweben in Lebensgefahr. Dann jagte er mir Machete und Kampfmesser Menschen durch die… pic.twitter.com/GckoifZENs
— Julian Reichelt (@jreichelt) September 29, 2024
Апсењето се случило во близина на двете продавници. Полицијата соопшти дека не може да даде детали за осомничениот или неговите мотиви.
На повредените им била укажана лекарска помош, а некои се пренесени во болница, изјави портпаролот на полицијата.
Ein 41 jähriger Syrer setzte heute Abend zwei Häuser in Essen in Brand. 31 Menschen sollen dabei verletzt worden sein, darunter zwei schwerverletzte Kinder.
Im Anschluss fuhr er mit einem Transporter in zwei Ladengeschäfte und griff Menschen mit einer Machete an.Mutige… pic.twitter.com/2VN3o6LRU1
— Yvonne Kussmann (@YveK22) September 28, 2024
Меѓу осумте тешко повредени деца има и две мали деца чија состојба се уште е критична поради вдишување чад, соопштија пожарникарите.
Портпаролот на полицијата одбил да ги коментира информациите дека мажот некому се заканил со нож и мачета.
Властите ги прегледуваат снимките што кружат на социјалните мрежи, додаде тој.