Свет

(Видео) Се запали училишен автобус во Тајланд, најмалку 25 загинати

Се стравува дека загинале околу 25 луѓе во Тајланд кога училишен автобус со ученици и наставници се запалил во предградие на главниот град Бангкок, при што 16 патници се хоспитализирани, соопшти владата.

Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјави за новинарите дека се верува дека загинале 25 лица, без да даде детали.

Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот се уште се истражува.

Првата снимка објавена на социјалните мрежи, пренесена од локалните медиуми, покажува густ сив чад како извира од автобусот, чии делови сè уште гореа. Пожарот подоцна бил изгаснат.

Премиерката Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците оделе на екскурзија.

„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.

На почеток