Свет

(Видео) Затворен аеродромот во Бергамо: пожарникарите ги евакуирале патниците од авионот, се шири снимка од местото на настанот

Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гума на летот на Рајанер, соопшти управата на аеродромот.

Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса.

Во евакуацијата на патниците помогнаа пожарникарите.

На почеток