„Пелистерка“ постави нови членови во надзорниот одбор на Стопаанска банка-Битола
Стопанска банка а.д. Битола преку официјално соопштение дистрибуирано преку веб страницата на Македонска берза информираше за измени во органите на управување.
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски се избрани за членови на Надзорен одбор на 03.07.2024 година, додека Народната банка издаде согласност на 27.09.2024 година. Двајцата нови членови се по предлог на мнозинскиот сопственик сопственик на акции, „Пелистерка АД“.
“Врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-25796/6 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Стевчо Јолакоски.
Исто така, врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-27231/8 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Игор Камбовски”, се вели во објавата.