Свет

(Видео) Се запали мотор на авион на Рајанер во Италија, 184 лица се евакуирани

Патници се евакуирани од авионот на Рајанер чиј мотор се запалил на летот Бриндиси – Торино во Италија.

Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на Рајанер со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндиси на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндиси се суспендирани.

На почеток