Свет

(Видео) Пресечен е патот преку кој луѓето масовно бегаа од Либан, вели министер

Израелскиот напад утрово во близина на либанскиот граничен премин Маснаа со Сирија го пресече патот што го користеа стотици илјади луѓе кои бегаа од израелското бомбардирање во последните денови, изјави за Ројтерс либанскиот министер за транспорт Али Хамие.

Хамие рече дека ударот во либанската територија во близина на граничниот премин создал кратер широк четири метри.

Воениот портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ) ја обвини либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, дека го користи преминот за транспорт на воена опрема во Либан во четвртокот.

„ИДФ нема да дозволи шверц на ова оружје и нема да се двоуми да дејствува доколку биде принудена да го стори тоа, како што правеше за време на оваа војна“, рече портпаролот на ИДФ, Авичај Адраи на „Х“.

Според статистиката на либанската влада, повеќе од 300.000 луѓе, од кои огромното мнозинство се Сиријци, преминале од Либан во Сирија во изминатите 10 дена за да го избегнат ескалацијата на израелското бомбардирање.

На почеток