Познати деталите за вчерашното пукање во Чаир: 19-години има повредениот, неколку куршуми летале на улицата додека тој пешачел

Од
Објавено на

Скопјанец на возраст од 19-години е лицето во кое беше пукано вчера во Чаир. Тој пред полицијата го посочил и лицето кое излегло од „пасат“ и пукало кон него, додека се движел пеш. На улицата „Цветан Димов“, не бил испукан еден, туку неколку куршуми.
Повредениот бил опериран, но и натаму е на болничко лекување во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Осомниченото лице е со иницијали Б.Б., познат на полциијата, по кој се трага.
Како што објавивме, неофицијално, причината за пукањето се должничко-доверителски односи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
