Македонија

Стојаноски: Одлучивме на криминалот да му удриме во чело, одговорност ќе има, нема повеќе криминал и бандити да царуваат по улиците како во време на Спасовски

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој што истакна дека одговорност ќе има за секој што ги прекршил законите а на криминалот и бандитите кои што царуваа во време на Спасовски и Зечевиќ мора да им се стави крај.

„Нема дискусија, нема правење компромис со криминалот, одлучивме на криминалот да му удриме во чело, нема да има амнестија кон никого, санкцијата ќе ги стигне сите.“ кажа Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски изјави дека во изминатите 100 дена фокусот е ставен на прашања поврзани со криминалот, со корупцијата а целта е да се подобри квалитетот на животот во државата.

„Заглавени во некои филмови на подземје каде што сметаат тие кои што тие ги ослободуваат меѓу кои и двајца многу високи полициски функционери, кога го рекетираа градот кога ги пуштаа тие банди да дилаат дрога по улиците на државата кога ги направија дотолку моќни да тие после нив ги контролираат и кога истите тие банди кога сега таа моќ почнува да им се намалува и територијата да им се стеснува се пресметуваат меѓу себе сметаат дека некој друг треба да ја превземе вината. “рече Стојаноски.

На почеток