Македонија

Столиците беа однесени, компјутери немаше, апокалипска беше кога влеговме во Владата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, тврди дека кога влегле во Владата ги немало дури ни столиците, а ни компјутерите. Според Мицкоски, било тотален хаос.

„Кога влеговме прв ден во Владата, буквално пикавци имаше по патосите, немаше компјутери, столици беа дури однесени, тоа беше една би рекол апокалиптична сцена која ја наследивме таму, посебно по канцелариите. Без никаква дисциплина, тоа беше еден тотален хаос. Полека но сигурно влегуваме на шини, ги ставаме работите на шини, функционира системот. Се доекипираме и од утре ќе имаме портпарол на Владата и заменик-портпарол и мислам дека на тој начин, полека но сигурно прв круг на соработници околу мене се затовра“, вели Мицкоски.

Именувањето на портпаролите ќе биде утре на владина седница.

На почеток