Ниту Таравари заминува, ниту Димитриевски доаѓа: Реконструкција на Владата нема да има пред локалните избори

Од
Објавено на

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема да има реконструкција на Владата пред локалните избори. Ова доаѓа откако дел од медиумите објавија дека Максим Димитриевски се подготвува да биде нов министер за одбрана.
Ова би значело дека и Арбен Таравари останува министер за здравство, наспроти информациите во јавноста дека тој ќе замине од функцијата.
Претходно на ова прашање одговараше Изет Меџити од Вреди, кој рече дека реконструкција на Владата е возможна, но не е планирана.
