Македонија

Се судрија „нисан“ и мотоцикл, тешко повреден 20-годишник од Кавадарци

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улица „Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(29) и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л.(20), двајцата од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На почеток