Македонија

Се судрија „пежо“ и мотоцикл, тешко повреден битолчанец

На 07.10.2024 во 08.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонска фаланга“ со ул.„Буковска“ и ул.„Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(48) и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(53) двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На почеток