Свет

Со мерцедес влетаа во река, четворица млади загинаа во БиХ

Четири млади лица – еден маж и три девојки загинаа околу 1 часот по полноќ во сообраќајна несреќа во градот Добриње во Босна и Херцеговина. Со автомобил мерцедес слетале во реката Босна.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ, за Klix.ba потврди дека во возилото се пронајдени четири безживотни тела. Жртвите наводно се од Кисељак и Високо. Возилото го управувал возач со иницијали П.А., а загинале и неговите сопатници со иницијали Д.Б., К.А и С.С.

Полицијата прво добила дојава за 22-годишен млад човек кој талкал и барал помош со видливи повреди и во полусвесна состојба. Младиот човек тешко комуницирал и на полицијата им рекол само дека се сеќава дека бил во возило со уште неколку лица и дека слетале во реката.

Лицето со иницијали Б. потоа бил пренесен на Клиниката за итна медицинска помош во Сараево.

Веднаш започнала потрагата по возилото, која завршила околу 4 часот кога возилото било забележано во реката. Местото на настанот е опкружено со полициска лента, а во тек е истрага која ја води дежурниот кантонален обвинител.

На почеток