Скопје

Тинејџер кренал рака на мајка му, ја мавал и со предмети: семејна драма во Скопје

Денеска (10.10.2024) во 07.30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје затоа што на 09.10.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток