Скопје

Деца мета на деликвенти во Скопје: Две ограбени со закана во Центар, други на Бит Пазар

Во СВР Скопје, И.З.(45) од село Крушопек, општина Сарај, пријавил дека на 06.10.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет.

На 09.10.2024 во 21.50 и во 22.50 часот во Полициската станица Центар, И.И.(46) и Ј.Т,Ј.(61), двете од Скопје, пријавиле дека околу 20. 00 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, двајца малолетници со закана со остар предмет од нивните малолетни синови одзеле пари.

На 09.10.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Скопје и И.З.(55) од село Морани, скопско, пријавиле дека на подрачјето на Бит Пазар, нивните две малолетни деца биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет.

Сите случаи се расчистуваат.

На почеток