Свет

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, Хезболах се заканува со нови напади

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот дел на Израел, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) додадоа дека седум војници се тешко повредени во нападот на базата кај Бињамина. град кој се наоѓа на околу 33 километри јужно од Хаифа.

Тоа е еден од најкрвавите напади врз Израел од почетокот на војната во октомври минатата година.

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека целта бил камп за обука на бригадата Голан на израелските одбранбени сили (ИДФ) во областа, лоцирана меѓу Тел Авив и Хаифа.

Канцеларијата за медиуми на вооружената група соопшти дека нападот бил одговор на израелските напади во четвртокот во јужен Либан и Бејрут, во кои загинаа 22 лица, а беа ранети 117, соопшти либанското Министерство за здравство.

Групата соопшти дека го нападнала кампот во северен Израел користејќи „рој дронови“.

Хезболах се закани со нови напади

Хезболах му се закани на Израел со нови напади доколку продолжи неговата офанзива во Либан.

Во соопштението, групата го опиша нападот врз Бињамина како „сложена“ операција, во која беа лансирани десетици проектили кон Нахарија и Акре северно од Хаифа „со цел да се ослабат одбранбените системи на Израел“.

Во исто време беа лансирани „ескадрили беспилотни летала, од кои некои се користеа за прв пат“, кои успеаја „да поминат покрај израелските радари за воздушна одбрана без да бидат откриени“ и да го погодат кампот за обука Бињамина јужно од Хаифа. .

Тие „експлодираа во просториите каде што имаше десетици офицери и војници на израелскиот непријател“, се вели во соопштението на Хезболах.

На почеток