Свет

Објавени се имињата и фотографиите на загинатите израелски војници, сите на возраст од 19 години

Објавени се имињата на израелските војници убиени во напад со беспилотно летало на Хезболах врз воена база во централен Израел.

Во нападот загинаа наредникот Омри Тамари, наредникот Јосеф Хиеб, наредникот Јоав Агмон и наредникот Алон Амитај, сите на возраст од 19 години. Во нападот се тешко ранети уште седум лица, соопшти израелската армија.

Израелската национална спасувачка служба соопшти дека во нападот биле ранети вкупно 61 лице.

Хезболах соопшти дека нападот во близина на градот Бињамина бил како одмазда за израелските напади врз Бејрут минатиот четврток, во кои загинаа 22 лица.

На почеток