Македонија

(Видео) Второ рочиште против обвинетите за убиството на Вања и Панче

Продолжува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.

Токму поради неговата хоспитализација претходните рочишта беа одложени.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.

Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

На почеток