(Видео) Палки, факели, ножеви: тепачка меѓу две групи во Сараево
Синоќа околу полноќ во полиција во Сараево било пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Во инцидентот учествувале две групи млади мажи, пишува Кликс.ба.
Според објавите на босанските медиуми, дошло до конфликт меѓу две групи, кои се разотишле кога полициските патроли се приближиле на местото на настанот.
Достапната снимка покажува повеќе од десет млади мажи како носат дрвени палки и фрлаат факели еден кон друг. Во еден момент се слуша како еден од учесниците му кажува на противникот да го остави ножот и дека некој е прободен.
Во еден момент го споменуваат и доаѓањето на полицијата, по што се разделуваат.
Видеата можете да ги погледнете на линкот